Сјајна и бујна коса
Објавено: 16 август, 2013, во 09:50 часот
За да имаме бујна, здрава и сјајна коса, треба да внимаваме на исхраната. За месец до два ќе можат да се видат ефектите.
Наполнете ја вашата чинија со зеленчуци, посебно со спанаќ, богат со витамините А и Ц, кои делуваат како природни регенератори и подигнувачи на косата од врвовите.
Семките од тиква и лен во комбинација со салатите ја збогатуваат со омега-3 масни киселини, цинк и железо кои го одржуваат здравјето на косата и скалпот.
За сјајна и јака коса јадете јајца и риба.
