Со маски од грозје до убава кожа
Објавено: 20 август, 2013, во 08:49 часот
Корисните состојки што ги содржи грозјето се причина што тоа се користи во козметичките производи. На прво место поради присуството на бакар, цинк и магнезиум. Освен што екстрактот од грозје ќе ви помогне да ги отстраните црнките и темните подочници,ќе ви помогме и во затегнувањето на кожата, враќањето на бојата и еластичноста и ревитализирањето и чистењето.
Маска од грозје за потхранување
8 зрна грозје
2 чајни лажички кисело млеко
1 чајна лажичка мед
1 чајна лажичка лимонов сок
Излупете ги зрната грозје и испасирајте ги. Додајте го млекото, медот, лимоновиот сок и добро измешајте. Нанесете ја маската на лицето и оставете да отстои 20 минути. Исплакнете го лицето со студена вода. Оваа маска ја потхранува кожата, ѝ дава убава боја и еластичност.
Маска од грозје за навлажнување
2 супени лажици испасирани гроздови зрна
1 жолчка од јајце
1 чајна лажичка бадемово масло
Измешајте ги сите производи и смесата нанесете ја на лицето. По 20 минути исплакнете го лицето. Маската ја ревитализира сувата кожа и ги измазнува малите брчки.
Маска од грозје за чистење и затегнување
1 белка од јајце
½ чајна лажичка масло од гроздови семки
3 чајни лажички гроздов сок
Матете ја белката додека да се згусне. Додајте ги маслото и сокот од грозје. Намачкајте го лицето со маската и оставете да отстои 30 минути. Исплакнете го лицето со студена вода. Оваа маска ги чисти и затвора порите и ја изедначува бојата на кожата на лицето.
