Како да го користите темниот кармин?

Објавено: 2 септември, 2013, во 08:55 часот

Со летото е речиси готово. Ако се уште не сте подготвени да трошите пари на нова есенска гардероба ви нудиме добар начин како да го освежите својот изглед за оваа есен – темен кармин!

Можеби мислите дека е едноставно да купите кармин, да го нанесете на усните и тоа е тоа? Грешка!

Пред тоа треба да следите неколку чекори за да ви стои перфектно. Еве неколку совети:

1. Направете лесен пилинг на усните. Суви и испукани усни не изгледаат добро ни голи, без кармин.

2. Исцртајте ги своите усни за карминот да не ви се разлие надвор од рабовите. Можете да користете и неутрален бел молив.

3. Нанесете кармин. Дали ќе го нанесете директно или со четка,изборот е ваш.

4. Притиснете ги усните на хартија.

5. Повторете уште еден слој на кармин.

Ако вашите усни изгледаат совршено,слободни сте ! Ако забележавте и најмала неправилност,поправете ја!

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.