Хит бои за наредната пролет!
Објавено: 10 септември, 2013, во 08:22 часот
Рамнотежа и подеднаква застапеност на остри и пастелни нијанси, ова е листата на најазастапените бои во првите топли денови од следната година.
На листите за жени, прво место е сината нијанса „Dazzling Blue“, следи виолетовата нијанса „Violet Tulip“, а на трето место се наоѓа нешто посилната верзија, „Radiant Orchid“.
Занимливо е дека на листата се појавуваат и возбудливи и модерни бои, како и оние неутралните. Не секој е спремен да носи остри бои од глава до пети. Во светот постои потреба за рамнотежа која би ја донеле меките и неутрални бои, без да се зборува за сивата боја.
Се е во чувството за рамнотежа. Дизајнерите сакаат сите ние да се забавуваме со облеката и да уживаме во се што носиме, но во тоа треба да бидеме малку практични. Боите говорат за идејата на оптимизација во модата, но најголемиот дел во неа се сеуште економските аспекти.
Освен што се дефинирани пролетните бои за жени, „Пантоне“ состави листа и за мажи, која ја предводат сините и сиви нијанси: „Placid Blue“, „Paloma“ и „Dazzling Blue“.
