Капут за кој постои листа на чекање

Објавено: 11 септември, 2013, во 07:18 часот

Изгледа дека листите на чекање не се резервирани само за ексклузивни креации и додатоци на славните модни куќи туку и за обичните high-sreet продавници.

Имено во понудата на британскиот моден синџир Marks&Spencer се најде капут по кој полудеа сите модни фанатици. Овој предимензиониран капут со машки крој е распродаден пред да успее да дојде на рафтовите на продавниците а бидејќи голема е побарувачката за овој зимски предмет за облекување се создаде листа на чекање за купување на овој по изглед едноставен капут.

Вистина е дека модните списанија веќе од февруари не предупредуваат дека оваа зима ќе се носат предимензионирани капути и тоа баш во розова боја каква во понудата има модната куќаCeline, но и  Zara, Gap, Topshop и многу други. Веројатно релативно ниската цена на овој капут ,само 85 фунти,натера бројни модни фанови да го резервираат своето парче.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.