Парење со вино

Објавено: 21 септември, 2013, во 09:09 часот

Парењето со вино е погодно за тие што имаат масна кожа на лицето. Добро е да се прави еднаш неделно затоа што, освен што ѝ делува пријатно на масната кожа идеално ги чисти порите.

Потребни ви се: 100 мл вода, 3лажици црвено вино, 5 лажици бело вино и 1 лажица сува камилица.

Ставете ја водата да зоврие. Кога ќе зоврие, додајте ги вината и камилицата. Наведнете го лицето над садот, покријте ја главата со крпа и останете во таа полжба 5-10 минути. Избришете го лицето со памук. Потоа исплакнете го лицето неколку пати со ладна вода за да се затворат порите.

По парењето, намачкајте ја кожата со масло од гроздови семки или друг тип масло што одговара за вашата кожа. Тоа дополнително ќе ја омекне кожата и ќе го намали лачењето на себумот, карактеристичен за масна кожа.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.