Темни дамки на лицето
Објавено: 21 септември, 2013, во 10:10 часот
Најчесто до израз доаѓаат напролет и налето кога и изложеноста на јакото сонце предизвикува појава на нови покрај веќе постоечките.
За да си помогнете сигурно сте пробале многу креми, лосиони и серуми за избелување на кожата, кои најчесто не даваат некои драстични резултати. А природните извори се најдобар избор, и покрај сè.
Така, ви предлагаме да користите маска за избелување направена со квасец. Земете мало парче пекарски свеж квасец, додајте му неколку капки млеко и неколку капки сок од лимон, нанесете на исчистено лице и оставете да се исуши. Исплакнете со чај од камилица.
