Какви чевли ќе се носат оваа есен?
Објавено: 23 септември, 2013, во 07:32 часот
Судејќи по временските услови овие денови од есента се пред врата. Ако веќе мораме да се поздравиме со сончевите денови тогаш барем можеме да се веселиме на фактот дека повторно дојде време да прошетаме со омилените чизмички или да купиме нови.
Еве какви трендови забележавме во колекциите за есен на славните дизајнери.
Чизми- сандали
Ова лето дизајнерите ни предлагаа чизми за лето а сега за есен ни предлагаат чизми со отворени прсти и други делови на чевли или чизми. Чизмите кои ги носат само најсмелите припаднички на понежниот пол се интересна варијација на обични чизми а дизајнерите препорачуваат носење на боса нога или со дебели чорапи.
Копчиња и каишчиња
Без обзир дали станува збор за чевли,полу чизми или чизми важно е само некаде или на некој начин да се врзуваат па дури и ако само се работи за украсно врзување. Ова е еден од најпопуларните трендови оваа сезона што се однесува до чевлите.
Необични принтови
И додека некои дизајнери се држеа до класиката и еднобојните креации други пак дизајнери се одлучија за разновидни принтови. Што се однесува до примероците се е дозволено и се се носи важно е само да не е досадно.
Како мокасини
Мокасини и оксфорд чевли на илјада начини – благодарение на дизајнерите како што се Chanel, Tommy Hilfiger, Dries Van Noten, добија разни варијанти кои со пети кои со класична варијанта.
Крупни ребрести ѓонови
Уште еден од релативно контроверзните трендови за оваа есен е оној со крупни ребрести ѓонови. Ги има кај Stelle McCartney, Rochasa и Carvena, масивни гумени ѓонови,кои се секако посигурни за влажната есен и замрзнатата зима .
Gotik chic
Дизајнерите како што се Prabal Gurung, Hedi Slimane и Donatella Versace се одлучија за овој стил и чевли од претежно црна кожа кои ги украсија со нитни,синџири,боцки и ременчиња. Овој стил е совршен за жени кои сакаат да ја покажат надворешната опасна страна …
