Како да знаете кога е време за нова фризура?

Објавено: 23 септември, 2013, во 08:00 часот

Некогаш средената фризура е најдобро решение за вашата самопочит и самодоверба. Сепак многу жени се во дилема дали да ја променат својата фризура или не и често не знаат кога е најдобро време за тоа. Прочитајте како да го препознаете тој момент за промена.

Оштетени врвови

Оштетените врвови се прв знак дека ви  е потребна нова фризура. Наместо да ги скратите пробајте нешто ново.

Коса без волумен

Доколку забележете дека косата ви пораснала многу и дека го изгубила волуменот време ви е за промена. Ако имате долга коса степените ќе овозможат за подобрување на волуменот и полесно фенирање.

Прамените се повпечатливи од природната боја на косата

Тоа е знак дека прамените станале пренагласени,неатрактивни и треба да се средат. Доволно е малку да ги потемните и вашата коса ќе добие поинаков изглед.

Имате нов стил на облекување

Водете сметка дека со промена на гардеробата треба да ја усогласите и фризурата. На тој начин ќе го промените изгледот од глава до пети. Доколку сте ослабеле можеби добро би било да одите на поелегантна фризура која ќе го нагласи вашето лице.

Раскинавте со момчето

Разделбата е вистинско време за промена особено за фризурата. Сменете ја бојата и формата и покажете му на бившиот што ќе му недостига сега. Сепак немојте да заборавите дека постојат многу момчиња кои сакаат да бидат со вас.

Секогаш ја врзувате косата

Доколку не сакате да ја врзувате косата ви треба нова фризура. Ако немате време да ја средувате својата коса,немојте едноставно само да ја врзете туку пронајдете стил кој е едноставен за подржување но во исто време и елегантен.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.