Најлоши работи за вашата коса

Објавено: 25 септември, 2013, во 07:08 часот

Вие можеби мислите дека негата на косата е многу едноставна и дека не бара многу труд. Но она што многумина луѓе не го сфаќаат е дека некои наши постапки и прават на нашата коса повеќе лошо отколку добро.

Избегнувајте редовно потстрижување

Ако сакате да ја пуштите вашата коса редовно поткаструвајте ги врвовите бидејќи во спротивно ќе добиете неуредна фризура со многу расцветани врвови.

Редовно миење

Редовното миење на косата не значи дека треба да ја миете косата секој ден. Туку дневното миење на косата го уништува природното масло на косата што резултира со кршлива,сува и чувствителна коса.

Премногу регенератор

Прекумерното нанесување на регенератор не е добро за вашата коса без обзир колку таа да е сува. Регенераторот остава слој на косата кој ја прави безживотна.

Регенератор на темето

Голем број на луѓе грешат кога употребуваат регенератор на косата па го нанесуваат освен на врвовите и на темето. Тоа ја оштетува косата а може да предизвика и опаѓање на косата.

Прегревање на косата

Ако редовно користете апарати за фризирање тоа ќе ја направи вашата коса немирна или во екстремни случаи изгорена. Заштитете ја вашата коса со употреба на посебни производи против топлина.

Избегнувајте метални четки

Погрижете се да не користете четки кои имаат метални врвови. Таквите четки не се добри за вашата коса. Одлучете се за оние четки направени од природни состојки.

Не претерувајте со производи

Само затоа што одредени производи за коса ви одговараат и носат резултати тоа не значи дека морате да ставете многу од овој производ на својата коса. Премногу ставање ќе ви ја направи косата мрсна.

Еластични гумички

Не се добри за вашата коса. Освен што ќе направат косата д ави опаѓа исто така влијаат и на нејзино кршење.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.