Беше еднаш одамна…

Објавено: 26 септември, 2013, во 09:56 часот

Реченица со која започнуваат многу бајки па можеби и оваа на Charlotte Olympia.

Дизајнерката на чевли и чанти секогаш има нешто со што не привлекува да го гледаме секое нејзино парче. Овој пат тоа се чевли инспирирани со бајки од детството. Стандардните платформа модели,преоблечени се во волк или був,или едноставно припаѓаат на Алиса во Земјата на чудата. Трнорушка,Црвенкапа,Ивица и Марица овој  пат добија совршен пар на чевли а чантите во форма на часовник веќе се најдоа на улиците на New York.

Колекцијата има  и неколку чизми и секси зглобови но сепак атрактивни се многу салонките со детали. Тука се секако и незаобиколните балетанки. Обувките и се совршени но не смееме да ги заборавиме и чантите. Проѕирни и многу интересни со клуч за навивање а ако сте за некое поконкретно парче тука е чантата во форма на книга со бајки.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.