Дали е поскапо да се биде жена отколку маж?

Објавено: 30 септември, 2013, во 10:19 часот

Многу мажи дневно не користат ниеден производ за нега а жените во просек користат еден до два. Некои дури употребуваат и шест производи дневно.

Иако на пазарот има грст козметички производи за мажи,жените се уште водат кога се потрошувачката и употребата на шминка и производи за нега во прашање.

Имено,за да се утврди кои се подобри потрошувачи на козметички производи на козметички производи, “Hafington Post” и компанијата “YouGov” спроведоа истражување на илјада возрасни лица во кое откриле колку на ден производи за нега и разубавување користат мажите а колку жените.

Интересно е дека 35 отсто од жените на ден користат еден до два производи а 17 отсто користи три или четири различни производи на ден. За разлика од жените,многу мажи дури 54 отсто не користат ниеден производ за нега.

Меѓутоа во еден сегмент може да се повлече паралела помеѓу мажите и жените. Имено 33 отсто од мажите и 35 отсто од жените признале дека за време на дневна нега користат еден до два производи.

Интересно е дека седум отсто од жените користат до шест производи на ден ,додека само еден отсто од мажите користат ист број на препарати за нега. Така не е ни чудно што жените годишно на производи за убавина трошат повеќе од 426 милијарди долари.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.