Како да ги зачуавте акрилните нокти?
Објавено: 1 октомври, 2013, во 10:07 часот
Ова се едни од најубавите вештачки нокти и се одлично решение за оние девојки и жени кои сакаат да имаат убави нокти подолго време. Но мора да се знае и дека нивното одржување бара многу труд,затоа ние се погриживме да најдеме неколку совети за тоа.
Масло за кутикули
Ова масло треба да го нанесувате секоја вечер пред да одите на спиење откако добро ќе ги измиете вашите раце.
Без притисок
Немојте да ги притискате ноктите зашто постои опасност лесно да се одлепат особено ако во случај се многу подолги од вашите природни нокти.
Задолжително користете турпија
Ако забележите века ви растат ноктите тогаш работете внимателно со турпијата зашто ако се предолги лесно можат да се скршат.
Користете ракавици
Доколку рацете ви се изложени на некои хемикалии ,некои детергенти или слични супстанци за вашите нокти од акрил тогаш редовно користете ракавици.
