Женствени и провокативни и во панталони

Објавено: 5 октомври, 2013, во 10:14 часот

И оваа сезона може да се забележи влијанието на ретро модата па на самиот врв на модните скалила се најдоа панталоните креирани во стилот на 60 те,70 те и 80 те години со модерен печат.

Кратки панталони над зглобови,имаат малку поширока половина и одлично ја истакнуваат фигурата. Најубаво одговараат со обични и маички во ситни фалти а можат да бидат избор за преку ден и навечер.

Модерни се и панталони со висока половина и многу широки ногавици во стилот на 70 те во кои нозете изгледаат подолги и послаби. Дизајнирани се од памук или лен убаво паѓаат,лесни и пријатни за носење. Во главно се креирани во неутрални бои така да можат лесно да се комбинираат со сите актуелни дезени и принтови. Цигара панталоните доминираат во многу колекции а во зависност од комбинацијата можат да бидат избор и за лесни и свечени прилики.

Хит на сезоната се лесни и свилени панталони кои се многу удобни одлично стојат со секаква облека а стилистите предлагаат да избирате модели кои ен се премногу тесни или широки а за повпечатлив изглед се оние прошарани со дезени и принтови. Многу модерни се и панталоните во боја и различен крој – црвени,сини,портокалови,виолетови,кои можете да ги комбинирате со контра боја од ист интензитет како и со дезени и неутрални тонови.

Актуелни се и класични модели со спуштена половина кои оваа сезона се носат со вовлечени кошули и маички. Трапез панталоните,т.н ѕвонарки како и харем моделите особено оние дизајнирани со светки како и тесни панталони кои убаво ја истакнуваат фигурата се многу впечатливи а со обувки кои одговараат се вистинска ефектна комбинација.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.