Направи сама : Совршен педикир во домашна варијанта
Објавено: 5 октомври, 2013, во 10:56 часот
Своите стапала можете да ги негувате и дома а се што ви е потребно е малку волја и труд за успешно да ги спроведете советите за совршен педикир.
Чекор 1 : Отстранете го лакот од ноктите
Негата на стапалата започнете ја со отстранување на нечистотијата. Најпрво извадете го постоечкиот лак од ноктите. Најдобар начин е со помош на мрсен ацетон бидејќи е поздрав за ноктите. Потоа измијте ги стапалата и отстранете ги сите нечистотии.
Чекор 2: Направете купка за стапалата
Во пластичен леген ставете млака или топла вода. Додадете средства кои ќе ви ја омекнат кожата на стапалата. Тоа може да биде нежна купка за капење,мирисна сол,морска сол или етерични масла. Кога сето тоа ќе го имате ,ставете ги нозете и држете ги во леген минимално 15 минути.
Чекор 3 : Отстранете ја задебелената кожа
Кога ќе ви омекнат добро стапалата земете камен за петици или турпија за отстранување на задебелената кожа. Потоа добро истругајте ги петите и евентуално останатите делови на стапалата каде се појавила задебелена кожа. Избегнувајте тоа да го правите со помош на жилет или слични работи бидејќи така ќе направите поголема штета. Камен или турпија се сосема доволни.
Чекор 4 : Средете ги ноктите
Прво отстранете ги заноктиците. Тоа нема да ви биде проблем бидејќи кожата ќе ви омекне од водата па целиот процес ќе биде многу полесен. После тоа исечете ги ноктите,употребете турпија и исчистете ги од евентуална нечистотија.
Чекор 5 : Завршен пилинг и масажа
Откако се што е наведено ќе направите,ставете нова вода во легенот,добро измијте ги нозете,потоа исушете ги со мека крпа и намачкајте ги со хранлив крем стапалата и оставете да се впие.
Чекор 6: Лакирање на ноктите
Откако ќе се впие кремот,можете да преминете на лакирање на ноктите. За тоа подобро да го изведете купете сунѓери за одделување на прстите. Тоа ќе ви ја олесни работата. Прво нанесете безбоен заштитен лак на ноктите а потоа бојата која ја сакате. На тој начин ќе избегнете жолти нокти кога ќе го вадите лакот.
