Подрачјето околу очите: Барајте креми со кофеин и ретинол

Објавено: 7 октомври, 2013, во 11:03 часот

Кремите за подрачјето околу очите најдобро е да се чуваат во фрижидер. Изладениот крем ќе ја ублажи потеченоста а активите состојки ќе ги измазнат брчките и ќе ги ублажат подочниците.

Кожата околу очите  е многу тенка,лесно пука и е подложна на брчки и дамки. А се поради малиот број на лојни жлезди на тоа подрачје. Ти еја хидратизираат кожата но бидејќи ги има помалку не го прават тоа доволно а функцијата се намалува со годините. Токму поради тоа на тоа подрачје потребна посебна нега и помош со хидратантен крем.

Потеченост

Кремите на база на кофеин и краставици се најдобри за потеченото подрачје кое обично се јавува со годините. Други можни причини се ненаспиеност,лошата исхрана и алкохолот.

Темни подочници

Тие се последица најчесто на стрес ,пушење,претерано излагање на сонце но можат да бидат и наследни. Можат да ги ублажат креми с витамин Ц и К бидејќи ги бришат трагите на замор и  даваат на кожата здрав изглед. Витамините го поттикнуваат производството на колаген и ја зголемуваат еластичноста на кожата.

Брчки

Тенка кожа во комбинација со постојано стегање на мускулите предизвикува пукање и појава на ситни брчки. Во обнова помагаат креми со ретинол кој ги отстранува мртвите клетки,ги измазнува брчките и го поттикнува производството на хиалуронската киселина и колаген задолжени за еластичност.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.