Нанесете го руменилото спрема формата на лицето
Објавено: 9 октомври, 2013, во 10:58 часот
Руменилото е еден од мејк ап производите кое го користат повеќето жени. За да го нанесете на вистински начин ние ви донесуваме неколку совети.
1. Долгнавесто лице
Кога нанесувате руменило треба да го употребите од јаболкцата на образите,надвор кон ушите но на вертикален начин. Тоа создава илузија на широко лице. Славни личности со вакво лице се: Sarah Jessica Parker, Ashlee Simpson…
2. Срцелико лице
За да ја избалансирате вашата вилица со брадата,треба да користите руменило под јаболкцата и кон ушите за да создадете мек изглед. Славни личности со срцелико лице се : Reese Witherspoon, Jennifer Lopez…
3. Коцкесто лице
Ставајќи ја бојата на руменилото на јаболкцата ги омекнувате природните агли на лицето и создавате убав природен изглед. Славни личности со коцкесто лице се: Demi Moore, Angelina Jolie, Jessica Biel, Janet Jackson…
4. Округло лице
Многу луѓе со округло лице сакаат да постигнат послаб изглед на лицето.За да го добиете тоа нанесете го руменилото долж јагодичната коска кон ушите. Обидете се да избегнете да ставате боја директно на јаболкцата бидејќи така вашето лице ќе изгледа полничко. Славни личности со округло лице се: Selena Gomez, Salma Hayek, Drew Barrymore…
