Штиклите ги уништуваат мускулите на нозете
Објавено: 12 октомври, 2013, во 09:33 часот
Во високи потпетици се чувствуваме женствено и секси – затоа толку ги обожуваме. Но се чини дека ова омилено парче може да ни создаде и некои неочекувани проблеми.
Имено,според неодамна објавеното истражување,штиклите можат многу лошо да влијаат на мускулите на нозете. Иако многу жени не можат да го замислат денот без штикли студијата покажала дека секојдневното носење на високи потпетици ги скратува мускулите на листовите на нозете.
Многу жени сепак се одлучуваат на носење на ниски или средни потпетици на работа во текот на денот но има и такви припаднички на поубавиот пол кои се зависни од купување на вртоглави високи потпетици. Токму тие најчесто се жртви погодени од проблемите кои ги предизвикува носењето на овој омилен женски моден додаток с оглед на тоа дека високата штикла создава болки во нозете влијае на појавата на жуљеви,грчеви во мускулите и лоша циркулација.
Затоа доколку сте љубител на високи чевли и ни под разно не сакате да се откажете од нив,секојдневно правете вежби за истегнување за да ги отстраните болките и останатите негативни симптоми на носење штикли и да ги продолжите мускулите на листовите. Со редовни вежби нема да морате да се грижите за последиците.
И секако водете сметка за тоа какви чевли купувате,бидејќи квалитетот и удобноста се на прво место.
