Како да ја исправите витканата коса?
Објавено: 18 октомври, 2013, во 11:28 часот
Не морате да одите на фризер за да ја исправите кадравата коса,тоа можете да го направите само си исправување на немирните локни.
1. Отстранете го вишокот на влага од косата
Прво пред да ја сушите косата со фен отстранете го вишокот на влага. Тоа значи дека кога со раце ќе ја исцедите водата од косата завиткајте ја во крпа за дополнително да се впие влагата. На тој начин косата нема да е ни многу мокра ни многу сува.
2. Нанесете заштита против топлина
Пред да почнете да ја сушите косата поделете ја на 4 или 5 делови. Од нив еден дел оставете а останатите соберете ги со шнола за полесно да ја исушите косата.
3. Расчешлајте ги локните
Со помош на поголема четка добро расчешлајте ги локните за полесно да ја исушите и исправите.
4. Исправете ги локните
Со помош на четка во форма на валјак исправувајте ги локните. Тоа ќе го направете така што ќе сушете дел по дел од веќе поделената коса. Делот кој го сушите повлекувајте го со четката од коренот до крајот на косата неколку пати под агол од 45 степени. Во зависност од волуменот и јачината на косата можеби ова движење ќе треба да го повторите повеќе пати.
5. Искористете лак за коса
Доколку косата ви е природно виткана по исправувањето можеби нема долго да остане мазна. Затоа користете лак за коса кој ќе ја фиксира.
