Мишел Корс есенска колекција на асесоари
Објавено: 4 ноември, 2013, во 08:57 часот
Оваа есен и зима елеганција ја исполнува целата колекција на асесоари на Мишел Корс 2013.
Сето тоа е прекриено си типични есенски бои како што се беж и камел дополнети со нијансите на неодминливите црвена и црна. Леопард принтот е исто така задолжителен во колекциите на овој американски дизајнер. Колекцијата е елегантна и класична,наменета за вистинските дами од високото друштво.
Луксузни чанти,марами,накит,обувки…Совршени модни додатоци кои секоја дама со истанчен стил ќе ги посака оваа есен. Уживајте!
