За еден месец симнете 8 килограми!

Објавено: 6 декември, 2013, во 09:19 часот

Со овој режим нема да се почувствувате гладни, а ќе ги загубите вишокот килограми. Советите кои ви ги нудиме со сите намирници се високо позиционирани на SI нутриционистичкиот систем. Кога јадете еден од трите главни оброци, потоа нема да имате потреба да грицкате.

–  Направете четиринеделен план по кој ќе ги јадете оброците во исто време и ќе испланирате однапред за сите три оброци.

– Интервалот меѓу оброците не смее да биде помал од четири часа.

– Измеѓу оброците не е дозволена додатна исхрана

– Чајот и кафето без шеќер се дозволени.

– Пијте барем осум чаши вода дневно.

– На алкохол и слатки заборавете.

Појадок

– 50гр. мусли со немасно млеко или јогурт и рака сецкано свежо овошје

– 2 интегрални тостови, 100гр. немасно сирење, банана

– 2 тркалца немасна шунка, варено јајце, чаша сок од портокал без шеќер

– 2 парчиња полумасно тврдо сирење, 2 домати, јаболко

– 80гр. туна, интегрална кифла, јаткасто овошје

– шолја јогурт со лажица мед и јаткасто овошје

– кајгана од две јајца со малку шунка, чаша сок без шеќер од портокал

Ручек

– 250гр. пилешки гради на скара, голема главица салата од зелка со малку маслиново масло и оцет

– салата со фета: зелена салата, два домати, мала пиперка, 150гр. фета, прелив од лимонов сок

– 200гр. варено јагнешко, салата од свежа зелка, рака јагоди, рака мешано јаткасто овошје

– рижото од 250гр. печени пилешки гради, 100гр. интегрален ориз и кромид, зелена салата

– 200гр. јагнешко, 200гр. боранија, пиперка, домат, портокал

– 300гр. скуша или ослиќ, 150гр. салата од компири, јаболко

Вечера

– 200гр. лосос на жар, 200гр. брокули

– 250гр. печени пилешки гради, варен компир, 200гр. пченка

– 300гр. морски плодови, зелена салата, јогурт со лажица мед

– помала конзерва туна, салата од пиперки, млад лук и домат, 2 топчиња сладолед од ванила

– 250гр. динстано телешко, мала зелена салата

– шпагети болоњезе од 70гр. интегрални шпагети, 100гр. мелено немасно телешко, сок од домати

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.