Наједноставни маски за најдобра нега на коса

Објавено: 13 декември, 2013, во 08:20 часот

Во зима на вашата коса и е потребна посебна нега. За да не биде сува и беживотна на косата секоја седмица нанесете маска.Ви претставуваме два рецепти за наједноставни маски кои на вашата коса ќе и обезбедат најдобра нега.

Маслиново масло и жолчка – Две лажици маслиново масло измешајте со две жолчки.Ако вашата коса брзо се масти маската нанесете од средината на косата до врвовите.Маската оставете ја да делува од 30 до 60 минути а потоа темелно измијте ја косата.

Кисело млеко – Млечните производи содржат млечна киселина млечна киселини кои ќе ја отстранат насобраната нечистотија ја хидрираат вашата коса и ќе и го врати изгубениот сјај. Пола чаша кисело млеко нанесете од коренот до врвовите (ако имате мрсна коса,маската не ја нанесувајте на коренот) . Оставете да делува 20-30 минути а потоа косата темелно измијте ја.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.