Божиќна варијанта на култните Кензо маички

Објавено: 25 декември, 2013, во 09:31 часот

Кензо ни подготви изненадување и за Бoжиќ ни подготви празнична варијанта на своите сега веќe култни маички со тигар.

Зелената Кензо маичка со тигар која последниве неколку сезони постојано ја гледаме на најпопуларните светски трендсетерки ја доби и својата божиќна варијанта. Поттикнат со прекрасниот успех и феноменалната продажба на оваа маичка,брендот Кензо одлучи да направи слични со мотив на Ајфеловата кула и симбол на окото.

Сега овие мотиви ни доаѓаат во светло божиќно издание,односно во сребрена,црна и златна боја. Маичките се достапни во Кензо продавниците но и на нивната службена страница и тоа по цена од 45 евра.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.