Гламурозни фустани на Зак Посен

Објавено: 31 декември, 2013, во 08:20 часот

Дизајнерот Зак Посен модната јавност ја воодушеви со прекрасна колекција на гламурозни фустани кои неверојатно блескаат на женското тело.

Новата при фал колекција содржи импресивни фустани изработени од најлуксузен материјал како кралски сатен,печатена и црна органза. Но дизајнерот користеше и ткаенини како сив фланел,типичен за машки костуми и покажа дека и тој може да функционира совршено на елегантните вечерни фустани.

На модните критичари устите им се полни со пофалба за дизајнот на Посенспоредувајќи го со прекрасниот Чарлс Џејмс,познат по своите големи фустани за чија изработка користи многу жица за да го зајакне материјалот и да го задржи близу до телото. Истото може да се каже и за Зак Посен кој е во состојба да изработи неверојатни вечерни фустани од стотина паршиња ткаенина како и од само неколку од нив.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.