Навики опасни по здравјето!

Објавено: 11 јануари, 2014, во 09:14 часот

Мокрите алишта во куќата го загрозуваат дишењето, а доколку ги миете забите после јадење или пиење може да ви страдаат дишните органi и забите, тврдат бразилски стручњаци.

Иако можеби изгледа чисто, испраните алишта го загадуваат воздухот, бидејќи на нив се содржани остатоци од детергентот. Поради зголемување на влажноста на воздухот, може да дојде до појава на мувла. Домовите во кои се сушат алишта често се причина за развој на инфекции на белите дробови и намален имунитет, тврди д-р Серџо Лима Сантјаго.

Ако ги миете забите, веднаш после оброк можете да ја оштетите глеџта. После конзумирање кисели производи, како што е овошниот сок, газирани пијалаци или вино, испијте една чаша вода и почекајте најмалку 30 минути пред да ги изимиете забите, бидејќи за тоа време плункта ќе ги неутрализира киселините, советува д-р Сантјаго.

Ако пиете лек за главоболка кога ве мачи мамурлук, комбинацијата на ацетаминофенот со алкохолот во вашата крв може да доведе до сериозни проблеми со бубрезите, предупредува овој бразилски стручњак.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.