Колекција инспирирана со балет

Објавено: 21 јануари, 2014, во 10:34 часот

H&M Conscious, еколошки освестената линија на шведскиот гигант,оваа сезона е инспирирана со балет.

”Возбудена сум поради соработката со H&M на нивната Conscious кампања бидејќи делиме ставови кога е во прашање одржливиот развој. Оваа колекција е доказ дека во исто време можете да бидете еколошки и модно известени. Освен дизајнот на самите парчиња ми се допаѓа и тоа што се направени од органски и рециклирани материјали што значи дека не морате да ја жртвувате природата за да бидете во тренд,изјави Амбер Валета заштитно лице на колекцијата чии визии сеуште не се објавени.

Колекцијата содржи 7 парчиња изработени од одржливи материјали како бамбусови влакна,органски памук и рециклиран полиестер.Сигурни сме дека пастелно розовите плисирани сукњи,сиви тренерки и бели маички ќе пронајдат место во орамните на многу трендесетерки.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.