Три производи за прекрасна кожа

Објавено: 1 февруари, 2014, во 08:36 часот

Вистина е дека сме тоа што го јадеме. Ако се храните нездраво последиците прво ќе бидат видливи и на вашата кожа.За да имате здрав и сјаен тен потребно е да се храните здраво. Од овие три производи ќе ве засјае кожата.

Риба – Рибата е најдобар извор на омега 3 масни киселини. Освен што се важни за здравјето на срцето овие вредни киселини многу се важни за здравјето и убавината на кожата.

Морков – Морковот е богат извор на бета каротин кој се претвора во витамин А.Недостатокот на витамин А најчесто е поврзан со сува кожа.

Банани – Се одличен извор на витамин Ц и содржат таргови на минералот силикон кој е важна состојка за здрава коса и кожа.

Совет плус: Пијте што повеќе вода.Здравата исхрана без правилна хидратација нема да ви ги осигура посакуваните резултати. Хидратацијата е многу важна за здравје и убавина на кожата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.