Каква коса мажите најмногу сакаат на жените?
Објавено: 3 февруари, 2014, во 11:22 часот
Жените постојано се во потрага за информации за тоа што мажите сакаат најмногу. Ако размислувате за промена на фризурата можеби уште еднаш би сакале да размислите пред да договорите термин кај фризер за да испробате некоја од супер популарните кратки фризури.
Имено во спроведените анкети се покажало дека дури за 74 насто од фарерите за поатрактивни ги смета жените со долга коса,пишува Cosmopolitan.hr. Која е точно причината за тоа,не успеавме да дознаеме,но зарем се важни причините?
Секако не треба поради овие информации да се одлучите да ја пуштите косата особено ако имате правилни црти на лицето кои најдобро доаѓаат до израз со кратка фризура но секако дека оваа информација е интересно да се знае. За да не излезе дека нашите посилни половини се површни и забележуваат само прекрасна кос,нагласени колкови и бујни гради се изјаснија и за останатите квалитети кои им се важни.Одговорите не не изненадија,нивна желба е да бидеме секси,забавни,млади и да сакаме долга врска а потоа брак.
