Производи за ублажување на црвенило на лицето

Објавено: 5 февруари, 2014, во 10:35 часот

Кокосово масло – Хранливото кокосово масло може да го ублажи црвенилото предизвикано со прекумерно изложување на сонце.

Благодарение на антиоксидантното дејство кокосовото масло може да ги ублажи изгорениците од сонце но и да ја заштити кожата од УВ зраци. Нанесете го на лице оставете да делува 15 минути а потоа измијте со топла вода.

 

Краставица – Парче краставица ставете на проблематичното подрачје и оставете да делува неколку минути.Тоа ќе ја разлади кожата и ќе го ублажи црвенилото.

Мед- Благодарение на противвоспалителните својства медот е одличен за ублажување на воспалителните процеси на кожата. Нанесете го на претходно исчистена кожа и соатвете да делува 30 минути,потоа измијте со топла вода.

Зобна каша – Делува противвоспалително и ја хидрира кожата. Можете да ја користите сама или да ја измешате со едно изгмечено авокадо.Маската нанесете ја на исчистена кожа и оставете да делува 15 минути па измијте со малка вода.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.