Викторија Бекам ќе дизајнира и чевли!
Објавено: 14 февруари, 2014, во 11:42 часот
Откако уште еднаш ја воодушеви модната јавност на Неделата на модата во Њујорк,британската дизајнерка Викторија Бекам откри дека наскоро планира да дизајнира и чевли како и линија на облека за мажи,од која била инспирирана за време на креирањето на последната колекција.
Популарната Victoria, страсна љубителкана чевли со потписот на Blahnik, неодамна сите не изненади кога освен ултра високи потпетици кои беа нејзин заштитен знак почна да носи и рамни обувки со што се пофали и на Instagram.
Нејизната страст кон чевлите е толку голема што само минатата година во хуманитарни цели подари дури 100 пара чевли.
Инаку фустаните кои ги дизајнира поранешната Spice Girl ги носат ТВ ѕвездите,актерките и пејачките а најголем фан е Ева Лонгорија, со која Викторија Бекам се дружи и приватно.
