Пилинг за лице од ориз

Објавено: 15 февруари, 2014, во 11:51 часот

Ориз и мед

 

Медот ги отстранува мртвите клетки од кожата,ја освежува и донесува сјај на вашето лице. Само сомелете го натопениот ориз во мазно тесто а потоа додадете неколку капки мед.

Брашно од ориз и сода бикарбона

Имате мрсна кожа? Овој пилинг користете го два пати неделно. Сомелете ориз и додадете малку сода бикарбона и неколку капки мед. Направете тесто и нанесете на лицето. Правете пилинг со кружни движења 1 минута а потоа измијте со ладна вода.

Домат и ориз

Натопете го оризот во вода околу 10-20 минути. Направете каша од домат и сомелете го натопениот ориз во тесто. Ставете го на кожата за да се ослободите од мозолчињата.Доматот е добар природен производ кој се бори против акните и митесерите.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.