Едноставна маска за сува кожа
Објавено: 17 февруари, 2014, во 08:24 часот
Оваа прекрасна маска ќе делува смирувачки на сувата и надразнета кожа.
Покрај тоа е многу ефикасна и со забавување на стареењето.Доволна причина за веднаш да ја подготвите.
Потребно е :
– лажиче јогурт
– лажиче мед
– лажица минерална вода
Сите состојки измешајте ги и маската нанесете ја на претходно исчистено лице и оставете да делува десет минути а потоа измијте со студена вода.
Јогуртот ќе ви ја смири,навлажни и омекне кожата а медот ќе ги одложи ефектите од стареење. Додека водата ќе ви обезбеди освежување.
