Големо враќање на бисерите

Објавено: 19 февруари, 2014, во 10:49 часот

Откако Karl Lagerfeld на Chanel ревијата за пролет 2014 ги претстави бисерите и тоа не какви било,туку нивна зголемена верзија во која освен на алките и прстените,се појавуваат и како предимензиониран а огрлица која потсетува на слушалки,славните личности летнаа по деталот кој ги завладеа стрит стајл комбинациите, насловните на списанијата и црвените теписи.

Актерката Emma Watson одлино го носеше овој тренд на доделувањето на златниот Глобус,со потпис на куќата Dior, додека Margot Robbie од “Волкот од Wall Street” за премиерата на прочуениот филм избра обетки на брендот Jacob & Co. Секако,на овој додаток не можеше да оддолее ни големата звезда Rihanna. Накитот од бисер е омилен и меѓу модните стилисти па така веќе и се појави на насловната на Vogue, Harper’s Bazzara, New York Magazine на кои ги носат девојките како  Lupitа Nyong’o, Keirа Knightley i Jessicа Hart.

И хајг стрит брендовите го препознаа овој тренд и тоа како во новата колекција на Зара веќе ќе пронајдете идеална огрлица со два бисери. Омилениот накит на иконата Coco Chanel секогаш беше симбол на префинетост и луксуз  некои жни просто никогаш не престануваат да го обожуваат. Овој пат се врати на голема врата!

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.