На кои козметички производи им е место во фрижидер?
Објавено: 20 февруари, 2014, во 08:56 часот
За шминката навистина да ја истакне вашата убавина потребно е да ја избирате внимателно но и да ја чувате.
Во вашиот несесер прво не би требало да се најдат производи на кои им истекол рокто на траење. Но ако сакате да ја продолжете нивната трајност и да го подобрите дејството некои козметички производи можете да ги чувате во фрижидер.
Козметика за која е препорачливо да се чува во фрижидер :
– Крем за подрачјето околу очите
– Хидратантен и крем за сончање
– Препарати за лечење на мозолчиња
– Природна козметика
– Парфеми
Козметика која не се препорачува да се чува во фрижидер :
– Моливче за очи
– Течна пудра
– Кармини
– Производи на маслена основа
– Маскара
