Коса врзана во опавче е во тренд
Објавено: 5 март, 2014, во 10:11 часот
Оваа сезона е во знак на едноставни и практични фризури кои секогаш изгледаат атрактивно и пријатно.
Едно од таквите е токму косата подигната во опавче која оваа зима беше многу пати забележана на модните писти. Опавчето можете да го носите на долга и на коса со средна должина и да го врзете како сакате. Оваа сезона фризерите покажаа разни начини а фризурите ги наменија на стилот на облекување.
Хит, е ниско опавче кое е одличен избор и за долга за средно долга коса.
Можете да ја врзете и преку уши или да пуштите прамени од страна,добро одговара и со шишки на чело.Ретро фризура ќе добиете ако прамен од косата на темето малку го натапирате па така да ја врзете во опавче. Една од најпопуларните фризури е коњско опавче во опуштена варијанта – доволно е косата малку да ја развлечете со прстите и да ја врзете без чешлање.
Ако сакате класичен стил,косата можете целосно да ја измазните и да ја врзете на теме. Коњско опавче со шишки може да изгледа многу елегантно па фризерите често го предлагаат со гламурозни комбинации на облекување и вечерни фустани. Можете да го врзете од страна да биде рамно или да се направат кадрици,спирали…
