Пролетни комбинации на познатите дами
Објавено: 31 март, 2014, во 11:19 часот
Лесни сакоа,кожни јакни и блузи за сончево време….
Проелтните денови олека стигнаа, а со нив и полесните комбинации за облекување кои ги прелавија улиците на гардовите. Светските трендсетерки од орманите ги извлекоа кратките лесни фустанчиња,кожни јакни,балонерки и комбинезони и ги прошетаа пред папараците кои ги следат во чекор.
Холивудското колаче Jessica Alba понесе зелена јакна украсена со цветни апликации. Rita Ora прошета о улиците на Њу Јорк облечена во класичен модел на балонерка кој е идеално парче за пролетно време. Victoria Beckham секогаш го промовира сопствениот дизајн и за потопло време избра деконструиран долг смокинг од својата нова колекција. Kate Moss, секогаш верна на рок стил облече смокинг со потпис на куќата Saint Laurent Paris.
