Нов тренд за миење коса со обратно шампонирање

Објавено: 24 мај, 2014, во 07:37 часот

Вообичаениот начин на миење коса кој подразбира шампонирање и потоа нанесување регенератор, доби своја варијанта.

Новиот тренд – прво нанесување на регенератор, па потоа шампон – добива сè повеќе приврзанички кои велат дека вака косата добива повеќе волумен со ефект на фенирана коса. Оваа теорија се потпира на тоа дека кога ја миеме косата не можеме целосно да го измиеме регенераторот, поради што косата потоа станува рамна и без волумен.

 

Новиот начин на миење коса е многу лесен – го ставете регенераторот на мокра коса, оставате да дејствува пет минути,потоа го миете и на крај ставате шампон. Повеќе уредници на убавина во познатите весници и списанија веќе го испробаа новиот метод на миење коса и тврдат дека после една седмица косата станува пожива и поубава. Испробајте го и вие новиот тренд и видете како ќе влијае на вашата коса.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.