Портокал за ревитализација на кожата
Објавено: 18 јули, 2014, во 08:46 часот
Состојки:
1 жолчка од јајце
1 лажичка мед
1/8 филџан сок од свеж портокал
1 пакување желатин
Добро измешјте. Нежно измасирајте на кожата и оставете да делува 20 до 25 минути.
Како делува:
Портокалот е главен извор на АХА и витамин Ц, кој, клинички докажано, спречува настанување на брчки. Жолчката дава влажност и цврстина, медот хидратизира, а сокот од портокал нежно ги отстранува мртвите клетки на кожата и потикнува создавање на нови клетки.
