Џинс комбинезони

Објавено на 16 август, 2014 во 09:35

Со враќањето на модата од 90-тите години, во стајлинзите на блогерите и ѕвездите се вратија и малку подзаборавените џинс комбинезони.

Тие се удобни, лежерни и подогни за многу комбинации. Може да изберете и кратки и долги варијанти, со различна нијанса на тексас.

 

Со еден модел на овие т.н. целосни фармерки можете да направите неколку стајлинзи и двата викенд-денови да изгледате постојано ново.

За утринските прошетки в парк или средба со пријателите на кафе може да изберете маичка по прерамки или со куси ракави, со линии или со интересен принт на ракавите, а похрабрите може да се одлучат и за краток топ или беби дол .

На нозете имате широка палета со избор, од патики, еспадрили, римјанки и сандали.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.