Каде грешите кога трчате?
Погледнете ја ова листа на грешки за кои е можно да Ве стопираат во намерата да имате убави нозе .
Не ја менувајте рутата
Доколку секогаш трчате по истиот пат, брзо ќе ви стане здодевно трчањето. Доколку секогаш ја изберете различната патека за трчање, многу подолго ќе издржите на нозе!
Се хранете како што не треба
Не треба да трчате кога сте гладни, но исто така со полн стомак. Јадете два, три часа пред да одете на трчање или половина час пред тренинг изедете некоја лесен оброк кој е полн со протеини.
Не се загревате
Доколку не правете вежби за загревање пред трчањето, можете сериозно да се повредите. Загревајте го целото тело, џогирајте неколку минути, а потоа почнете со сериозен тренинг.
Не се опуштате
По тренингот исклучително е важно да се истегнете и релаксирате. Дадете му можност на Вашите мускули да се опорават.
Трчате во погрешна опрема
Доколку сте едни од оние кои тврдат да додека вежбате не Ви е битно со која опрема вежбате, грешите. Мора да имате патики со мек ѓон и гардероба која ќе Ви овозможи да имате слобода во движењето, а при тоа премногу да не се потите.
