Се враќаат вештачките трепки!

Објавено: 1 декември, 2014, во 09:16 часот

На ревиите на кои дизајнерите ги претставија трендовите за сезоната есен/зима 2014/15 моделите трепкаа со долги и густи трепки какви во 60- тите години ги прославија популарните Twiggy и Edie Sedgwick.

Ова е сезоната на големото враќање на вештачките трепки. Заборавете на природниот изглед и слободно претерајте кога трепките се во прашање. Не плашете се од вештачкиот изглед,слободно нагласете ги долните трепки и задебелете го горниот ред со вештачки со обилен слој на црна маскара. А со добрата комбинација на кармин за усни вашите огромни трепки можете да ги носете во дневни и вечерни варијанти.

Но сепак поведете сметка што повеќе да ги нагласите очите,усните треба да ви останат во светло кафеави тонови.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.