Уште еден прекрасен каталог од Зара
Објавено: 4 декември, 2014, во 08:54 часот
Популарната Зара во пресрет на празничниот дел од годината својот нов каталог го посвети на вечерната облека.
А за свечените изгледи популарниот шпански бренд предлага секогаш елегантни потемни тонови како сина,сива,кафеава и кралицата на елеганцијата црната боја. Моделите варираат од оние инспирирани оваа сезона ултра тренд од 70 –те години како кратки фустани со А крој со реси и ѕвоно ракави па се до high-street интерпретација на одела какви што претстави Hedie Slimane за Saint Lauren.
