Најдоброто за вашата коса!
Објавено: 6 декември, 2014, во 08:05 часот
Зимaта пристигна, а со тоа и студеното време, кое не е погодно за нашата коса. За да ја направите да биде посветла и поубава мора да се негува правилно. Маслата се најдобро решение, бидејќи тие даваат еластичност и мекост на косата. Сепак, не секое масло е добро за вашата коса.
Ако имате било какви проблеми со кожата на главата, првут или дерматитис, идеална е мешавина од бадем и рицинус. Овие масла на косата и даваат здрав изглед и ја подобруваат нејзината густина, особено рицинусовото масло кое го забрзува нејзиниот раст.
Бадемите ја негуваат кожата на главата, ја смируваат и го намалуваат лупењето на кожата. Ако сакате да ги поправите испуканите врвови за тоа е идеално кокосовото масло. Тоа го спречува понатамошно оштетување на косата, особено ако е хемиски третирана, како што се боење ,минивал и слично.. Ако имате тенки коса, чисто рицинусово масло без примеси е идеално за вас, бидејќи тоа ќе ви даде полност,сјај и густина. Ако имате нормална коса и сакате да остане сјајна и негувана, најдобар избор е маслиновото масло. Со својот состав ,маслиновото масло ќе ја храни косата, ќе и даде свеж и здрав изглед на кожата и ќе спречи нејзино оштетување.
