Мед и жолчка за прекрасна кожа
Објавено: 6 декември, 2014, во 08:43 часот
За нега на кожата некогаш е потребно толку малку,само две состојки –мед и жолчка.
Измешајте лажичка мед со жолчка. Смесата нанесете ја на чиста кожа на лицето и вратот. Оставете да делува 20-ина минути а потоа измијте со млака вода. По чистењето на кожата задолжително нанесете го вообичаениот хидратантен крем.
Смесата од мед и жолчка ќе ја навлажни и нахрани вашата кожа. Маската е погодна за сите типови на кожа а може да се нанесува еднаш неделно.
