Спреј за замрсена коса

Објавено: 18 декември, 2014, во 10:49 часот

Мајки ако вашите девојчиња не сакаат да се чешлаат бидејќи ги боли поради замрсената коса еве како да ги чешлате без болки. Потребно е само да направите спреј за замрсена коса.

Потребни состојки:

* Едно големо шише со распрскувач

* 1,5 чаши дестилирана вода

* 3 лажици корен од слез

* 2 лажици регенератор за коса по избор

* 10 капки етерични масла по избор

Коренот од слез полиете го со водата и ставете го да зоврие во помал сад, намалете ја температурата и оставете да се крчка 20-30 минути.

Потоа оставете ја течноста да се излади па исцедете низ густа газа. Додека течноста е сеуште топла ставете ја во шише со распрскувач, додадете го регенераторот и етеричните масла па добро измешајте.

Спрејот за коса нанесувајте го после секое миење.

Вака подготвениот спреј можете да го користите два месеци.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.