Со течна креда до луда боја на коса

Објавено: 23 декември, 2014, во 10:05 часот

Лудата боја на коса е скриена желба на бројни девојки кои не така лесно се одлучуваат на толку голема промена на изгледот.

Виолетова,црвена или сина боја не е лесно да се псотигне без посета на фризерски салон која неретко бара напор и е долготрајна,бидејќи подразбира симнување на старата боја на коса за новата боја да биде што потрајна и посјајна. Но со течна креда за коса лудите бои веќе нема да бидат недостапни.

Брендот L’Oreal измисли производ кој наголемо ќе го олесни бојадисувањето. L’Oreal е течна креда која на пазарот ќе се најде на пролет во 2014 година. Hairchalk ќе се продава во осум нијанса а наменет е за сите кои сакаат еднократна промена на бојата на косата. Шишенцето од 50 мл ќе чини 25 евра а доволна е за десет нанесувања.

Hairchalk е многу едноставен за нанесување. Доволно е со четка да се нанесете бојата и да се почека да се исуши течноста.Кога ќе ви здосади бојата едноставно можете да ја измиете и да се вратите на старата боја.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.