Што треба да знаете кога носите накит
Објавено: 23 декември, 2014, во 11:00 часот
Овозможете му на вашиот накит да заблиска во вистински сјај. Ова се најважните стилски правила до кои треба да се придржувате.
Истакнете едно парче накит
Ако парчињата накит стилски се поклопуваат, се губи убавината и уникатноста на секое од нив. Па затоа, носете само едно впечатливо парче накит или доколку сакате да носите повеќе парчиња од ист вид на накит, нека бидат само нараквици или прстени – никако и едното и другото.
Не го прскајте накитот со парфем
Никогаш немојте да го прскате накитот со парфем, бидејки тоа влијае на заштитниот слој на одредени делови од накитот. Ако сепак ви се случи тоа, измијте го со топла вода и сапун, а потоа исушете го и исполирајте го со крпа од еленска кожа.
Впечатлив накит на темна облека
Темната облека прекрасно го истакнува накитот. Со црн фустан, блуза или џемпер носете неколку брошеви или ланче со изразен дизајн.
Кога носите одело тогаш накитот е неизоставен акцесорис кој ќе го освежи вашиот аутфит.
