Нежна маска за јака коса

Објавено: 27 декември, 2014, во 08:59 часот

Во зима на косата и е потребна поинтензивна нега. Дури и косата која инаку не е сува во зима станува груба,кршлива и изложена на оштетувања.

За да го зачувате здравјето на косата,да и го вратите сјајот,еднаш неделно нахранете ја со маска. Овој пат ви донесуваме рецепт за понежна коса од било кога.

Потребни ви се млеко и мед. Во чаша млако млеко додадете лажиче мед и добро измешајте. Смесата нанесувајте ја од коренот до врвовите и оставете да делува 30-40 минути. Косата измијте ја со млака вода и потоа исплакнете ја на вообичаениот начин. Задолжително нанесете регенератор.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.