Маска од мандарина – спас за сува кожа

Објавено: 16 јануари, 2015, во 10:48 часот

Зимата е сезона на агруми а јужното овошје освен за здравјето е добро и за вашата кожа.Цитрусите се идеални за нега на кожата па затоа ви донесуваме едноставен рецепт за маска од мандарини која е спас за сува кожа.

Од мандарините отстранете ги корупките и сомелете ги. Додадете лажица кисело млеко и добро измешајте. Маската нанесете ја на претходно исчистено лице и оставете да делува 15 минути.Измијте се со млака вода а потоа со студена.После маската на лицето нанесете го својат вообичаен хидратантен крем.

Маската можете да ја нанесувате еднаш неделно за да ја збогатите својата рутина на нега и на кожата да и обезбедите хидратација која многу и е потребна во зима.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.