Лошиот градник може да ви го искриви ’рбетот
Објавено: 17 јануари, 2015, во 08:50 часот
Вистина е, лошиот градник може да предизвика проблеми со ‘рбетот. Жените често носат градник со несоодветна големина, особено оние со големи гради. Тоа може да создаде проблеми бидејќи жените поради „тежината” се подгрбавени, што, секако, доведува до проблеми со ‘рбтетот – мускулите на вратот и грбот се заморуваат.
Треба да се бара градник кој нуди вистинска потпора. Често се препорачуваат спортски градници, кои имаат облик на буквата T на грбот, бидејќи тие прават рамената да ги држите назад. Страничниот дел мора да ви е стегнат, но не смее да се заврзува, а и прерамките треба да бидат доволно широки да не се врежуваат во рамениците.
Доколку сакате да спречите некои проблеми со ‘рбетот кои сеуште не се присутни, но можно е да се појават, неопходни се вежби. Важно е да се зацврсти мускулатурата на грбот, вратот, рамењата, стомакот, а особено е важно истегнувањето на градните мускули).
